Десетина македонски компании од преработувачката индустрија во наредните четири денови ќе ја претставуваат нашата земја на еден од најпрестижните меѓународни саеми за храна и пијалоци #TuttoFood2023, кој се одржува во Милано.
На годинешното саемско издание пред илјадниците посетители ќе бидат изложени 2.500 производи од 45 земји. Нашето учество на овој значаен саем им помага на домашните компании во стекнување на нови извозни пазари. Годинава преку бројни настани, фокусот на саемот е ставен на одржливоста на прехранбената индустрија.