Американскиот државен секретар Ентони Блинкен …ИМАМЕ СИЛНО ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА, НЕВЕРОЈАТНО ЦЕНЕТ СОЈУЗНИК ВО НАТО…
Имав чест и задоволство да се сретнам со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен од кого ја добив пораката дека Северна Македонија има недвосмислена и силна поддршка од САД во евроинтегративните процеси.
Нашите односи и соработката се повеќеслојни и силни. Доказ за тоа е успешниот стратешки дијалог кој дава резултати. Благодарение на стратешкото партнерство надминавме голем број препреки изминатите децении и успешно ги реализираме нашите стратешки цели за влез во НАТО алијансата и во Европската Унија, со која веќе се отворија пристапните преговори.
Нашата соработка со САД се темели на вистински вредности и ќе продолжиме да ги негуваме нашите пријателски и партнерски односи.