Македонија и САД потпишаа Меморандум за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации.
Денеска, го потврдуваме нашето силно партнерство со САД. Со почитуваниот Џејмс Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, потпишавме Меморандум за разбирање меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации.
Ова ќе ни овозможи интензивна соработка во спротивставувањето на манипулациите со информации и борбата со дезинформации и ќе е огромна поддршка за Северна Македонија во градење на цврста демократија и стабилна и просперитетна држава.