Денес ја имав честа и задоволството да се сретнам со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, овде во Вашингтон. Уверен сум дека стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе се продлабочува.
Изразив благодарност за поддршката на САД за продолжување и интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеењето на правото, борбата со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Очекувам уште посилно вклучување на Соединетите Американски Држави во следните наши чекори за евроинтегративниот процес на државата. Поддршката на САД е од голема важност за мирот, стабилноста и просперитетот на целиот регион.