Претставничката на Израел на Евровизија е Ноа Кирел (22), во родната земја е многу популарна актерка, пејачка и судија во шоуто „Израел има талент“.
Благодарение на младата ѕвезда, Израел влезе во финалето на Евровизија, а нејзиниот настап се прераскажува по првата полуфинална вечер.
Таа е родена во малото гратче Раанана во централниот дел на Израел и се чини дека е предодредена да биде ѕвезда уште од рана возраст.