Историски ден, Македонија доби сопствена берза за струја

Македонија доби Берза за струја, која од денеска стартува со работа. На првиот ден истргувани 500 мегават часови по просечна цена од 7.125 денари или околу 115 евра за мегават час. Приближно иста со онаа во регионот и Европа, а за околу три евра пониска од цената на Хупекс берзата.

Денеска тргувале 20 трговци со електирчна енергија, а договори со Мемо склучиле 22 компании. Освен домашни има и странски фирми. Стартот на македонската берза за струја на едно место го собра  енергетскиот сектор, а премиерот Ковачевски преку писмо посака успешна работа.

За да можат да бидат дел од берзата фирмите треба да платат учество, но и годишна членарина. Висината на цената зависи од видот на пакетот кој учесниците ќе го одберат.

Во однос на побарувањата на МЕПСО од трговците со струја, вицепремиерот Битиќи тврди дека секој месец се намалуваат и не влијаат на работата на компанијата. И тој, како и од МЕПСО, тврди дека ненаплатените побарувања не се отпишани, иако државните ревизори пред извесно време констатираа дека Управниот одбор на МЕПСО отпишал 14 милиони евра долг од четири трговци со струја.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s