
Исклучително важна за нас е пораката дека САД силно ќе ја поддржат европската иднина на земјава, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ. Тоа е уште една потврда за исправните политики на СДСМ но и за вистинскиот правец по којшто ја движиме земјата.
Членството во ЕУ значи подобар животен стандард, ама и значи подобро образование, нови шанси за младите, пристап до фондови за подобар, европски систем со нови и добро платени работни места дома, во нашата татковина.
И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници на земјава, на нашата домашна политичка сцена против ЕУ се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, кои како антиЕУ и антиНАТО политичари го блокираат и опструираат секој напредок за граѓаните и државата.