Досега, Ирска беше земја со најмногу победи на Евровизија, победувајќи во 1970, 1980, 1987, 1992, 1993, 1994 и 1996 година.
Лорин синоќа и ја обезбеди седмата победа на Шведска, израмнувајќи се со досегашната земја рекордер.
Првата победа Швеѓаните ја постигнаа во 1974 година со песната „Waterloo“ од „ABBA“, која стана еден од најголемите хитови во историјата на Евровизија.
Други победи на оваа земја беа во 1984, 1991, 1999, 2012 и 2015 година.
