Од наредниот месец државата ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните.
Со овој нов финансиски инструмент е предвидено минималната сума што ќе може да се инвестира да биде 10.000 денари.. Важноста на обврзницата ќе биде 2 години, а каматната стапка се уште не е прицизирана, но според најавијата од министерто Бесими ќе биде повисоката отколку каматните стапнки што ги нудат банките за депозити… Очекувањата се дека на овој начин во буџетот ќе се обезбедат 50 милиони евра…
„Со ова граѓаните ќе можат да ги користат парите кои ги имаат заштедено за купување обврзница, а потоа тие пари ќе се искористат за инвестиции. Така ќе се зачува вредноста, затоа што во инфлација, парите ја губат вредноста. Државата на тој начин ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од она што е на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата“– Фатмир Бесими, министер за финансии.
Инаку, на крајот на февруари оваа година, овој механизам во регионот веќе го искористи Хрватска. Таму, минималниот депозит беше 500 евра, а каматната стапка 3.25 отсто годишно.