Матурантите од Крива Паланка денеска ќе добијат по 3.000 денари од градоначалникот Митовски

Влогот во младите е влог во сигурна перспектива на општината и државата, велат од локаланта самоуправа на Крива Паланка.
-Денес на сметките на сите матуранти од нашиот град, од СОУ “Ѓорче Петров”, како честитка за претстојната матурска прослава, префрлени се средствата од предвидените субвенции за нив – по 3000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, мерка воведена за првпат од оваа година, информираше градоначалникот, Сашко Митовски и упати честитка до матурантите:
-Драги матуранти, вие сте иднината, најголемата вредност на општеството, а иднината зависи од она што го правите денес. Изборот за иднината нека биде резултат на вашите одлуки на кои упорно ќе се посветите, зашто секој успех е триумф на упорноста. Бидете упорни, вредни и мудри. Честита матура и среќно во новите предизвици, им порача тој на матурантите од градот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s