Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ја предводи македонската делегација која за прв пат учествува на реномираниот меѓународен саем „Bellavita“ во Чикаго, соопштија од МЗПВ.
Како што наведоа Северна Македонија за прв пат има свој национален штанд на саем во Америка. Единствени од Европа, заедно со Италија и Шпанија сме учесници на овој реноиран саем.
„На саемот учествуваме со седум домашни винарии Тиквеш, Стоби, Сопот, Венец, Езимит, Камник и Далвина, презентирајќи го убавото македонско вино. Очекуваме успешна презентација на нашето убаво вино, повеќе директни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во Америка.
Министерот Николовски во рамки на посетата во САД ќе оствари средба и со македонската заедница, како и повеќе средби со претставници на земјоделскиот сектор на САД. Во Вермонт министерот Николовски ќе оствари средба со комесарот од одделот на шумарство на Вермонт, потоа ќе ја посети млечната фарма „Stony Pond““, соопшти МЗШВ.