Бовин, Тиквеш, Стоби, Камник, Сопот, Венец и Езимит успешно ги презентираат Wines of Macedonia на саемот Bellavita во Чикаго. Бројните посетители имаат одлични коментари за нашето вино.




Министерот Николовски се сретна соизвршниот директор на саемот еве што напиша на Фејсбук “На средбата со извршниот директор на саемот Bellavita, Aldo Mazzoco, ја искажав честа што сме дел од овој реномиран светски саем. Заедно со Италија и Шпанија сме единствените земји од Европа со централен штанд на самот, што претставува огромно задоволство.
Пријатно изненадување беа неговите позитивни коментари за квалитетот на нашите вина и македонскиот вински потенцијал.
Она што во нашиот разговор го договоривме е да во следниот период Северна Македонија ја посетат над 300 потенцијални фирми купувачи пред кои ќе ги презентираме нашите вина.
Саемот Bellavita е одлична можност за промоција и можност за отварање на нови пазари за пласман на виното од Македонија.”