Официјално е пуштен во употреба магистралниот пат Куманово – Страцин

Официјално е пуштен во употреба магистралниот пат Куманово – Страцин.

Оваа патна делница која е дел од Коридорот 8 е реконструирана во вкупна должина од 31,2 километри, а вкупната вредност на реконструкцијата изнесува околу 12 милиони евра.

Премиерот Ковачевски заедно со министерот Бочварски присуствуваше на настанот, на кој посочи дека оваа делница се рехабилитира за првпат после повеќе од 32 години, овој пат досега никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес.

Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за реализација на Коридорот 8 на патниот правец исток – запад. Вкупната должина на патната делница Куманово – Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години што значи дека во независна Република Македонија, во Република Северна Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.
 
„Истокот и североистокот, кои многу години беа заборавени, ги развиваме со модерна патна инфраструктура. Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија, ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен“, рече премиерот Ковачевски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s