[ВИДЕО] Хеликоптерската единица при МВР и Тигрите евакуираа изнемоштено лице од Галичник

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик…

(Видео) Претседателот Пендаровски денеска го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство” каде што таа следи настава во четврто одделение

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство” каде што таа следи настава во четврто одделение. Ова девојче со Даунов синдром …

Владата го скуси карантинот: Доволни се седум дена, плус три дена строги мерки на заштита

Владата на Република Северна Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и…

Утре последно збогување од Аки на градскиот плоштад во Скопје

Утре, 26-ти јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот некогашен сограѓанин и голем пријател, легендарниот Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се…

Премиерот Ковачевски денеска беше гостин на семејство на вработена во супермаркет

Ми беше големо задоволство да ја запознаам Стефанија и фамилијата Шишковски од Општина Илинден. Стефанија е млада жена која работи во локален супермаркет. Таа денеска е дома и може да…

Премиерот Ковачевски денеска беше во посета на фабриката „Дура Аутомотив Системс”

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс” е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден”. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес…

Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022

Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022 Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна…

Одложен почетокот на учебната година, второто полугодие ќе започне на 1-ви февруари

Владата ја прифати препораката за одложување на почетокот на второто полигодие во основно и средно образование. Ваква препорака упати Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата од коронавирусот, која…

Шекеринска и ја предаде функцијата на својата наследничка Славјанка Петровска

Примопредавање извршија речиси сите министри. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и ја предаде функцијата на својата наследничка Славјанка Петровска. https://www.facebook.com/sekerinska/posts/479331093564240 Новата министерка на припадниците на армијата им порача во неа…

НЕМА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Николовски ја презеде функцијата на терен заедно со земјоделците, со тутунарите

Денеска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, официјално му ја предаде функцијата на новиот министер Љупчо Николовски. Примопредавањето се случи на терен, на откупен пункт на тутун во…

Градоначалник од ДПМНЕ, министерка од СДСМ и вицепремиер од ДУИ заедно удрија темел на ново училиште во Бутел

Визбегово добива целосно ново модерно училиште со капацитет за над 500 деца, со што одговараме на долгогодишните барања на жителите од населбата.Денеска со првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник на…

(ВИДЕО) Шекеринска стана прв министер кој го добил знамето на САД како симбол на заслуга

Американската амбасадорка изјави дека под лидерство на Шекеринска одбранбената соработка меѓу САД и Северна Македонија се продлабочила како никогаш досега во изминатите 28 години Радмила Шекеринска, која за неколку дена…

Видео-обраќање на Петков: Уште овој месец ќе отпатувам во Македонија, заедно можеме повеќе

Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска…

Објавен оглас: Од 600 до 800 ден.за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски примања

Помош од 600 до 800 денари месечно за сметките за струја ќе добијат семејствата во социјален ризик, со најновата владина мерка. Вкупно 60 милиони денари ќе одвопи државата за социјалните…

ТЕЛМА – Инфлацијата во Турција достигна највисоко ниво од 2002 година

Рекордна инфлација во Турција. Според објавените официјални податоци инфлацијата во земјата достигна 36,08 отсто, што е рекордно ниво од септември 2002 година. Оваа инфлација, повеќе од седум пати поголема од…

Крива Паланка ја има најбогатата новогодишна програма во Македонија

Со музички, сценски и забавни активности за сите генерации, локалната самоуправа на Општина Крива Паланка годинава ќе ја организира досега најбогатата предновогодишна културна програма. Програмата која ќе биде надополнета и…

Полицијата заплени автобус- со фалсификувани документи возел за Истанбул

Полицијата денеска заплени автобус на скопска фирма поради сомнеж дека е направен фалсификат по регистрација и по бројот на шасијата на возилото. Автобусот се движел по истата рута на кобниот…

УЕФА од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во ЛШ, Челзи повторно против Лил

Осминафиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) се познати попладнево, откако УЕФА прво ја поништи извлечената жрепка поради технички проблем со софтверот и ја повтори целата процедура. Како и при првата жрепка што беше извлечена точно…

Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ

Со 37.649 гласови, членството на СДСМ денеска го избра Димитар Ковачевски за нов лидер на СДСМ. Како што соопшти Централната изборна комисија, неговите противкандидати Јован Деспотовски и Фросина Ташевска Ременски…

Одобрени две стратешки инвестиции за соларни електрани кои ќе се градат во Источна Македонија

Одобрени  се две стратешки инвестиции за соларни електрани вредни 116 милиони евра, соопштија од Владата.  Владата на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект…

Издадена согласност на „ЕСМ” да го активира со работа „ТЕЦ Неготино” за производство на електрична енергија

Владата на денешната 121 седница, даде согласност на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на…

Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите

Ривалот на Виктор Орбан, Питер Марки-Заи, кој ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер на парламентарните избори в година, најави екстрадиција на Никола Груевски во Северна Македонија доколку победи. „Цитат на опозицискиот кандидат Марки-Заи од неговиот говор…

Данела Арсовска има бугарско државјанство, според документ што го објави СДСМ

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петрововска, покажа документ од бугарското Министерство за правда, според кој Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство, за што указот го потпишал бугарскиот вицепретседател…

Почнува реализацијата на најголемата странска директна инвестиција во историјата на Македонија

Изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, најавија денеска премиерот Зоран Заев и германската компанија…

(ВИДЕО) Член на Левица го „прати“ Заев да слави во Бугарија, премиерот му препорача да посети психијатар

На одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, Иван Јовановски од Левица, кој беше еден од 11-темина што застанаа пред споменикот каде државните делегации требаше да положат цвеќе, му дофрли на…

Митко Јанчев – Ќе изградиме трговски центар, Спа центар, Зоолошка во Кавадарци

Оброк за секое дете од 1 до 5 одделение, изградба на трговски центар Кавадарци МОЛ, Зоолошка градина, Спа центар со затворен базен, изградба на обиколница, вети пред кавадарчани кандидатот за…

ФОТО: Заев, Мицкоски и Холштајн со колбаси и пиво ги следат резултатите во Германија

Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од…

ВИДЕО | Саше Политико: Телохранители на Данела Арсовска ме туркаа со лакти

На денешното потпишување на Кодексот за фер избори што се одржа во просториите на Град Скопје се случи инцидент по обраќањето пред новинарите на независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска.…

(ФОТО) НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНИОТ БРАН ГО ДОНЕСЕ ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ОВАА СЕЗОНА – ПАДНА НА ПОПОВА ШАПКА

Невообичаено студениот бран кој ја зафати Македонија го донесе и првиот снег за оваа сезона. Во текот на изминатата ноќ паѓаше на Попова Шапка каде температурата се спушти до околу…

Грчки медиуми: Спречен атентат врз Заев пред уставните измени за промена на името

Грчките тајни служби спречиле атентат врз Премиерот Зоран Заев летото 2018 година. Ваков текст денеска објавија грчки медиуми кои се повикуваат на извор близок до тогашното министерство за надворешни работи…

Брима: СДСМ победник на локалните избори со 19,5%, ВМРО-ДПМНЕ со 17,5%

На неполн месец до одржувањето на локалните избори, СДСМ бележи предност од 2 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата која  „Брима“ ја направила за „Слободен печат“. На прашањето „За кој кандидат…

Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин

Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: разговор со секретарот за одбрана, Лојд Остин. Благодарност што и покрај строгите ковид рестрикции во Пентагон, ја направи возможна средбата, со…

Шекеринска се сретна со новиот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при официјалната посета во Стејт департментот се сретна со новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. „На средбата беше заклучено дека местото на Западен…

Шекеринска се сретна со Медлин Олбрајт во нејзиниот дом

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е…

Блесна Офицерскиот во Битола – СДСМ го обнови, ВМРО-ДПМНЕ ќе го продаваше (Фото)

Блеснува во нов сјај обновениот Офицерски дом во Битола. Локалната власт го врати грандиозниот изглед на Офицерски во реконструкцијата која траеше речиси четири години. Денеска градоначалничката Наташа Петровска и вицепремиерот…

Заев, Груби и Ахмети посетија фабрика за кабли во Сарај

Продолжуваме со градење добри економски политики за подигнување на животниот стандард.Премиерот Заев и вицепремиерот Груби ја посетија производствена фабрика „One cable”, современа инвестиција за производство на бакарни кабли и ПВЦ…

Донесени измените на законот за облигациони односи, каматата не смее да биде повисока од долгот

Собранието вчера со 80 гласа „ЗА“ ги донесе измените во Законот за облигациони односи според кои „Каматата ќе престане да тече во оној момент кога нејзиниот износ ќе го достигне…

Натпреварите на Академија Пандев на „Спортклуб“: Струмичани прв клуб кој самостојно ги продаде ТВ-правата

Академија Пандев и официјално ги продаде ТВ-правата од своите домашни натпревари во Првата македонска фудбалска лига на спортскиот телевизиски канал Спортклуб. „На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните…

Првпат во земјава: Отстранет тумор кај 17 годишно момче – заменет со коска од починат донор

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски го…

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра

Кризата не е надмината но, бизнисот почна да закрепнува. Приватниот сектор е спремен да инвестира над 160 милиони евра, покажува анкетата на Стопанската комора. Иако градежништвото е сектор кој постојано…

Честитка од Бајден по повод 8 Септември: Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски

Претседателот на САД, Џо Бајден, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, упати честитка до претседателот, Стево Пендаровски во која се нагласува дека САД остануваат силни и непоколебливи…

Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за нов мандат во оваа скопска пштина на претстојните локални избори на 17 октомври. Јакимовски попладнево на својот фејсбук профил…

После 50 години Крива Паланка добива нов градски плоштад

Вчера заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските…

Во тек е изградбата на првиот висечки мост во Скопје, со 4 коловозни ленти и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот

Во тек е изградбата на новиот висечки мост на улицата Љубљанска во скопската општина Карпош https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/398745874953144 Овој мост значи спојување на градот, спојување и комуникација на луѓето, мост кој што…

Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. Како што соопштија од Kабинетот на претседателот, на настанот,…

ДЗС ги демантира лажните вести за наводно украдена пила од австриските пожарникари

Дирекцијата за заштита и спасување ги демантира лажните вести за наводно украдена пила од австриските пожарникари. Како што објавуваат од ДЗС во демантот, веста пласирана од извесен Бојан Петровски на…

(Видео) По 50 години се обновува патот преку Галичица кој ги поврзува Преспа и Охрид

После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид. https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159859599862932 – Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе…

(Видео) Стотици деца и родители на кино под отворено небо во Градскиот парк

Влезот на настанот е бесплатен, а го организира Зоолошката градина во Скопје по повод одбележување 95 години од основањето Неколку стотини деца и родители вечерва присуствуваат на летното отворено кино…

Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 %…

Министерката Радмила Шеќеринска во прва посета на наш министер за одбрана на Португалија

Министерката Радмила Шеќеринска, по првата посета на министер за одбрана на Северна Македонија на Португалија, најави потесна соработка меѓу двете држави на полето на одбраната. Наскоро треба да биде потпишан…

Почна изградбата на брана на река Отиња, шест децинискиот сон на штипјани

Почна изградбата на брана на река Отиња, шест децинискиот сон на штипјани. Претседателот на Владата, Зоран Заев, вицепремиерот, Љупчо Николвски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на…

СДСМ анкета Брима: СДСМ и претседателот Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните

Соопштение за јавност Одговорните, државотворни политики на СДСМ се препознаени од граѓаните и тоа е потврдено со бројни испитувања на јавното мислење од релевантни агенции. Една од нив е и…

ЗОО Скопје првпат во своето постоење од 1926 година стана дом и на пингвини

„Заливот на пингвините“ и официјално отворен за посетители... Од денеска скопјани имаат причина плус да ја посетат зоолошката... 9 од пингвините пристигнаа од Италија, а шест од Москва. Егзотичните птици…

Мила Царовска – Лажни вести и монтажи за сексуално образование се шират по социјалните мрежи

Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интезивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се…

Во Македонија пристигна најсовремената терапија за ковид-19, се очекува да се намали бројот на хоспитализирани

Терапијата се набавува за потребите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај пациенти со ковид-19 кои не се хоспитализирани, велат од Министерството за здравство…

Претставено логото по повод 30-годишнината од независноста на државата

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 87-ма седница на Владата и одговараа…

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ПО 19 ГОДИНИ АНГАЖМАН ВО АВГАНИСТАН СЕ ВРАТИ ДОМА

По 19 години, македонската армија го заврши својот ангажман во Авганистан и нејзини последни припадници се вратија дома. Македонските мировници во изминатите речиси две децении беа дел од мисиите „Одлучна…

Анкета на ИРИ: СДСМ со предност пред ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори

Доколку денеска се одржат локални избори, граѓаните повеќе преферираат кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија,…

Се прават подготовки за четврта трансплантација на срце

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплантација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации. Министерот за здравство Венко…

(ФОТО+ВИДЕО) Заев и Филипче на средба со Ердоган во Истанбул

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на еднодневната работна посета на Република Турција се сретна со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган. На работната вечера…

Изненадувањето на ДУИ – ДУИ станува зелена партија, Ахмети се обрати и на македонски

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во обраќање пред јавноста по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик. „Почитувани медиуми, драга…

Промовирани новите лесни оклопни возила за АРМ, Министерката Шекеринска на пробно возење

https://www.facebook.com/sekerinska/posts/10157687137635163 Промовирани новите лесни оклопни возила за армијата. Возилата се од брендот JLTV, производство на американската компанија Oshkosh Defense. Според договорот од 2019 година со САД, за армијата на Северна…

(ФОТО+ВИДЕО) Државниот врв се собра на Криволак за вежбата „Одлучен удар 21“

Државниот врв се собра денеска на Криволак, на презентација на резултатите од НАТО – вежбата „Одлучен удар“, што веќе две седмици се спродува на овој полигон. Во Криволак денеска, освен…

Третата трансплантација на срце во историјата на Македонија помина успешно – почна да чука срцето на 39-годишна пациентка!

Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и…

Владата направи исклучок: Пријателската со Словенија ќе се игра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините

Владата на Република Северна Македонија вечерва, преку видеоконференциска интернет врска ја одржа редовната 73-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на…

Папата Франциск доби дрес од македонската фудбалска репрезентација

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и…

Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино

Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и…

Објавен оглас за прием на 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15…

Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ “Перо Наков”, прими вакцина против Ковид-19, информираат од Кабинетот на претседателот. Оттаму појаснуваат…

120 хектари нов лозов насад, инвестиција на “Тиквеш” и “М6 Аграр”

https://youtu.be/pUdKMUpIT8A Премиерот Зоран Заев присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на компанијата „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“, кои се дел од Групацијата М6. На настанот, на кој покрај менаџерите…

(ВИДЕО) Заев на средба со Мицотакис – Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис во Владата во Атина. На средбата присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и…