Музичката група „Баклава“ деновиве го промовираше видео записот за актуелниот сингл насловен „Рубин“, кој го најавува и новиот албум што е во фаза на снимање. Музиката и текстот се на Елена Христова и Дејан Сибиновски. Снимено во студиото„Чикен меднес“ (Chicken Madness), од Бојан Угриновски, а микс и мастеринг од Дарко Спасовскии Горан Керкез.
Екранизацијата на „Рубин“, која воедно ќе биде дел од саундтракот за филмот „Златната петорка“, е во режија на Сибо, директор на фотографија е СалеКа, костимографија на Елена Балкава во соработка со студио „Матра“ и „Баргала“, за шминката се погрижи студиото на Дадар. Актери се Елена, Дејан, Владе, Сибо и Рубенс, а танцот е базиран врз кореографијата од Јована Зајкова.
Повеќе на http://www.radiomk.com
Baklava so nov spot
