ДНК решија да нè изненадат со сосема нова песна посветена на скопската населба Аеродром, која стигна во пакет со видео запис во реализација на „Томато продукција“. Стиховите се дело на Панчо, а во музиката му помогна Лазар Цветкоски, кој го потпишува и аранжманот, додека мастерингот е направен во студиото „Метрополис“ во Лондон.
Покрај Андреј и Панчо, во спотот ќе видите и голем број познати аеродромци, меѓу кои колешките Сара Мејс и Викторија Лоба, колегите Мартин и Стефан од „Некст тајм“, Дарко Илиевски, Зоран Џорлев, Дарко Тасев, водителот Марко Новески, ракометарот Столе Стоилов и многу други, а како изгледа и звучи „Аеродром“ можете да погледнете. Уживајте!
DNK Aerodrom
