
Кистијано Роналдо и на четвртиот домашен натпревар во низа не постигна гол (вкупно 33 шута, само шест во рамките на голот), што беше доволен повод за тој повторно да се најде на удар на „хејтерите“. Овојпат станува збор за победничкиот гол на Алваро Мората, откако по социјалните мрежи се појави фотографија како во моментот кога Мората го почнува славјето, Роналдо со исправена рака гледа кон помошниот судија, како да бара офсајд.
