Lady Gaga Carpool Karaoke
Во рамките на својата емисија, популарниот британски актер и водител Џејмс Корден често знае да покани по некоја популарна ѕвезда да му прави друштво додека вози до работното место, а во вчерашната епизода славната гостинка беше Лејди Гага. 30-годишната пејачка ја искористи пригодата да отпее песни од нејзиниот штотуку објавен албум „Joanne“, но заедно со Корден ги запеаја и постарите, добро познати хитови како што се „Poker Face“, „Bad Romance“, „Born This Way“ и „Edge Of Glory“.
