Несекојдневна случка можеше да се проследи на вечерашниот натпревар меѓу Црна Гора и Данска, откако Сузана Лазовиќ се обиде од крило да ја затресе противничката мрежа, но топката удри во дирекот – и остана залепена за него.
Среќата дефинитивно не им беше наклонета на Црногорките, кои во последните десет минути постигнаа само еден погодок, претрпувајќи минимален пораз по примениот гол од пенал во последната минута од натпреварот.
