После одличната соработка насловена „Lost Without You“, диџејот и продуцент Тодороф и некогашната М2 ѕвезда Игор Узунов повторно ги здружија силите, овој пат за песна на македонски јазик. Со музика од Тодороф и текст од Узунов, во новиот проект со наслов „Ме боли“ им се придружи и Мики Ла Фрик, кој го направи аранжманот, а за визуализацијата се погрижи продукцијата „Спектар КМ“.
