На гала-вечерата во пресрет на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, по говорот на првата дама, неговата сопруга Меланија Трамп имаше една необична ситуација.
Имено, по завршувањето на говорот, нејзиниот сопруг ја испрати од сцената и покажа каде таа да седне, но Меланија ладно ги игнорираше неговите инструкции и мирно зачекори, речиси излегувајќи од салата.
Во тие моменти Трамп се обиде да ја спаси ситуацијата со хумористичен коментар.
– Мислам дека не сака да седи со тебе, Фил. Драга, врати се и седни овде – рече моќниот бизнисмен, а потоа се обрати кон публиката со зборовите „таа верува во препреки, за разлика од нас“.
