БАБУНСКИ РАСТУРА ВО ЈАПОНИЈА: Мајсторски гол на Македонецот, цел стадион му се поклони (ВИДЕО)

Давид Бабунски, македонскиот фудбалер, кој игра за јапонскиот тим Јокохама, повторно го покажа својот талент. Тој во дуелот на неговиот тим со Консодале Сапоро, постигна гол со кој го крена цел стадион на нозе, а коментаторот не можеше да се воздржи од радост за мајсторијата на нашиот интернационалец.

Во 47. минута од дуелот, Бабунски постигна гол со кој Јокохама поведе со 1:0. До крајот на дуелот следеа уште два гола за Јокохама, со што Бабунски имаше уште поголема причина за славење.

https://youtu.be/TilLHp4WUno?t=1m40s

Leave a comment