Би-Би-Си радио објави симпатично видео, во кое политичкиот аналитичар Роберт Кели се јавуваше во живо за Би-Би-Си од својата домашна канцеларија, кога влезе и неговата четиригодишна ќерка.
Таа танцувајќи влезе во собата и застана зад грбот на таткото, а водителот досетливо забележа дека и неа ја интересира темата за која разговараат.
Само неколку секунди подоцна, додека таткото се обидуваше да ја помести својата ќерка, во собата во проодувалка влезе и бебе, а веднаш по него и една жена, за која не се знае дали е сопругата или дадилката, и ги изнесе децата од собата.
