Минатиот викенд Цеца Ражњатовиќ пееше во Копенхаген на прослава која српски бизнисмен ја приредил по повод крштавањето на неговата ќерка. Домаќините не жалеле пари, па за семејната прослава ги ангажирале Цеца, Александра Пријовиќ и Шабан Шаулиќ. Се зборува дека забавата се претворила во вистински делириум за кој ќе се раскажува со години, а чинела неверојатни 500.000 евра.
Со големо обезбедување, Цеца била дочекана како кралица, а се проценува дека само нејзиниот хонорар изнесувал околу 100.000 евра бидејќи таа многу ретко настапува на вакви прослави. Но тоа не сè… потоа пред гостите се појавиле и Александра Пријовиќ и Шабан Шаулиќ, па банкноти од 500 евра летале на сите страни…
ceca krstevka
