Еден од најпознатите хитови на „Саунд месенџерс“ – „Love Me“, доживеа свое реиздавање и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите диџеи и ремиксери во Бразил и Јужна Америка, Хадсон Леите и Тајлесон Пабло.
Тие имаат ремиксувано повеќе од 200 песни на познати светски изведувачи, како што се Селена Гомез, Џејсон Деруло, Селин Дион, Џастин Бибер и уште многу други.
Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.
