„Рома романтика“ е најновата песна на познатото дуо „Куку леле“. И овој пат Роберт Саздов се потпишува како автор на текстот, музиката и аранжманот, како и на нивните претходни нумери.
За новата песна Панки и Роберт снимија и видеоспот во Старата скопска чаршија, а во него се појавуваат и децата од училиштето за танц „Break The Floor“.
