Српски кошаркар се најде во „Shaqtin a fool“

Кошаркарот на унгарскиот тим Јасберењи, Андрија Бојиќ го привлече вниманието на познатата американска емисија „Shaqtin a fool“ во која легендарниот Шекил О Нил објавува интересни видео материјали од мечевите ширум светот.

Тимот на Бојиќ губел со 17 разлика, а по еден пробив добил прекршок.

Очигледно изнервиран што неговата екипа губи, наместо да изведе слободно фрлање Бојиќ тргна на кошот и оствари забивање. Овој потег на Бојиќ ги шокира сите во салата. Судиите не ги признаа поените и досудија топка за противничката екипа.

Leave a comment