Македонски виолинист ѕвезда на социјалните мрежи: Виктор Ангелов на 9GAG

Во Македонија имаме многу млади музички таленти кои вреди да ги слушне целиот свет. Еден таков пример е виолинистот Виктор Ангелов.

Неговиот талент започнал да го негува уште од 7 години. Средното училиште го завршил во Србија, а потоа станал студент на познатиот Универзитет „Mozarteum“ во Салцбург.

Инаку Ангелов досега многупати настапувал заедно со Македонската филхармонија, а имал и солистички концерти.

Слушнете ги вештините на еден од најмаркантните таленти на Македонија за својата генерација.

Уличен настап со изведба на „Shape Of You“ на Ед Ширан:

Leave a comment