Кој вели дека на македонските стадиони не се постигнуваат прекрасни погодоци..?! Александар Пановски постигна фантастичен гол од слободен удар за отворањето на резултатот на мечот меѓу Силекс и Ренова во Кратово. Во стилот на Лео Меси. Голманот на гостите остана скаменет и можеше само со поглед да ја испрати топката како ја тресе мрежата…
