Младите музичарки познати како триото “Шербет” ја преработија познатата песна “Чалгиска”, на поп-ѕвездата Каролина Гочева.
Снимањето на песната било во паркот на познатата Шарена џамија во Тетово.
“Овој пат одбравме песна од Каролина, која со леснотија нè префрла во едно друго време”, велат девојките од триото “Шербет”.
Групата “Шербет” ја сочинуваат три млади тетовки, Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска. Девојките се познати по преработките на многу македонски песни, и стари и нови.
