Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша своето име во историјата на швајцарскиот фудбал, откако во неделата, постигна три гола за само осум минити.
Лугано, во 27.коло во швајцарската Супер лига, го совлада Сион со 4:2, а Алиоски ги постигна првите три гола на натпреварот. Македонскиот репрезентативец во периодот од 17.та до 25-та минута постигна три гола (првиот и третиот од пенал).
Ова е најбрзиот хет-трик во историјата на швајцарската Супер лига.
