ВО ЖИВО: Со воени паради во Москва и другите руски градови се одбележува Денот на победата

Парадата во Москва традиционално ќе се одржи на Црвениот плоштад. На неа годинава ќе учествуваат околу 10.000 лица, 114 единици со копнена борбена техника, 72 хеликоптери и авиони. Првпат на парадата се вклучени и единици на општоруското воено-патриотско движење „Јунармија“, девојки-курсисти на Воената придружна академија „Буџони“ и Воено-вселенската академија „Можајски“, како и маринци од Северната флота. Арктичката техника, која годинава за првпат е вклучена во парадата, е претставена од ракетните комплекси „Тор-М2ДТ“ и „Панцир-СА“.

https://youtu.be/_UHt5dzXQd8

Leave a comment