Слаткаристика го објави својот нов сингл насловен „Терориста“, кој денеска беше претставен заедно со видео запис на официјалниот канал на продукцијата „Фејсинг д сан“ (Facing The Sun) на Јутјуб. Секако дека станува збор за уште еден хит на популарниот хип-хоп артист, кој самиот се потпишува како автор на стиховите, а музиката им е заедничка со колегата Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за аранжманот. Видеото, пак, се снимаше во „Станица 26“, под режисерската палка на Огнен Шапковски.
