Македонија 0 – 0 Турција | Поништени 2 гола на нашата репрезентација

Во 19. минута од дуелот, Езгијан Алиоски нафрли од слободен удар Мојсов втрча со глава во шеснаесетникот на гостите, и иако се чини од регуларна позиција, главниот судија на сугестија на својот помошник се одлучи да го поништи поради наводна офсајд позиција.

Офсајд или не. Оштетени или не, проценете сами…!?

Откако во првото полувреме беше поништен голот на Даниел Мојсов во 19. минута, сега во 52. минута главниот судија Станислав Тодоров (Бугарија) го поништи и погодокот на Езгијан Алиоски кој одлично зафати една одбиена топка од 16 метри… Сепак, погодокот беше поништен поради офсајд позицијата во која се најде капитенот Горан Пандев непосредно пред голманот на гостите, Волкан Бабачан…

Leave a comment