Видео записот за темата „Омилена“ на Тајзи денеска ја имаше својата интернет премиера на каналот на продукцијата Балкатон.
Спотот е дело на режисерот Илија Жоговски, а во него учествуваат над 50 статисти и е сниман на повеќе локации во Македонија и Грција. Песната е во летен регетон ритам, со љубовни стихови и позитивни вибрации.
