На младиот пејач Дамјан Стојаноски, инаку студент на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје, отсек соло пеење, несомнено дека музиката ќе му биде идна професионална определба, иако засега естрадата и пеењето му се само хоби и страст. Според стилот и определбата кои ги негува, тој е логично продолжение на татко му и она што тој го испеа за сите овие години, ако се знае дека Дамјан е син на легендата на македонската фолк музика, прерано починатиот Војо Стојаноски.
