„Видеото што никој не го бараше, но на Интернетот му е потребно“, вака Кејти Пери го претстави текстуалното видео за нејзиниот актуелен хит „Swish Swish“, кој го сними во соработка со Ники Минаж и кој е сместен на неодамна објавениот албум „Witness“.
Имено, главната улога ја доби бразилската интернет сензација и некогашна пејачка Гречен (58), која имала неколку хитови во седумдесеттите и осумдесеттите („Freak Le Boom Boom“ и „Conga Conga Conga“)
