„Грми“ од македонската соблекувална – ИКО МАЈСТОРЕ, ИКО МАЈСТОРЕ!

Најголемите успеси на македонскиот ракомет на Светските првенства е поврзан со името на Илија Темелковски. Човекот кој ни донесе 11. место на Светското сениорско првенство во Хрватска во 2009 година, сега направи нов подвиг, но со младинците.

Македонија ќе биде пласирана меѓу осумте најдобри, а постои можност и првпат да ја нападне медал зоната, ако утре слави против Франција во четвртфиналето.

Во соблекувалната наголемо се славеше, а сите ракометари извикуваа: ИКО МАЈСТОРЕ, ИКО МАЈСТОРЕ…

Leave a comment