Ривалдо може да биде горд на својот син Ривалдињо откако младиот Бразилец денеска постигна гол за паметење во квалификациите за Лигата на Европа. Неговиот тим Динамо Букурешт имаше негатива од 0-1 против Атлетик Билбао, пред 22-годишниот Бразилец да ги земе работите во свои раце и со еврогол од триесетина метри да го израмни резултатот.
Погледнете го ремек-делото на синот на легендарниот бразилски репрезентативец.
