Македонскиот фудбалер Енис Барди продолжува да ја воодушевува јавноста во Шпанија, со нов еврогол во дресот на шпански Леванте.
Барди пристигна од Ујпешт и премногу брзо се адаптира на средината. На последниот меч против Виљареал нашиот фудбалски бисер постигна ефектен гол од слободен удар со кој измами воздишки кај присутните на стадионот и љубителите на фудбалот.
