Талентираниот музичар од Берово, Иван Мамучевски е ново и надежно име на македонската музичка сцена, а за да го докаже тоа, деновиве ја претстави својата прва преработка. Станува збор за баладата „Живим да те волим“ од популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ, за која Иван ги здружи силите со колегата Ангел Таковски, со кого настапува низ Источна Македонија како „Ангел и Иван бенд“.
Покрај Таковски, кој свири на пијано, на гитара го придружува Ејуп Оџов, а сето тоа снимено во студиото „Ѕене“ го екранизираше Јована Јовановска.
преземено од http://www.radiomk.com
