Обезбедувањето на СГС ја избрка Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ од Клиниката за гинекологија

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска држеше прес-конференција пред Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, но пред да ја одржи прес-конференцијата во дворот на клиниката таа беше избркана од обезбедувањето на Клиниката компанијата СГС.

Обезбедувањето од СГС која што ја обезбедува Клиниката ги избркало надвор Андоновска и претставниците на медиумите со објаснување изјавата таа да ја дава надвор од оградата на Клиниката.

Преземено од http://a1on.mk

Leave a comment