„Само Тони и две жени“ ѝ дадоа уште еден мандат на „Мучо денаро“

Триото „Само Тони и две жени“ деновиве нè почести со уште една одлична преработка на македонски хит, а овој пат одлуката падна на Мучо денаро од Владо Јаневски. „Еве ја нашата изведба на оваа малку подзаборавена песна која дефинитивно заслужува уште еден мандат“, напишаа музичарите објавувајќи го своето ново музичко парче, кое е дополнето со симпатично анимирано видео. Уживајте!

Leave a comment