Советникот Шехтански од ТМРО сакаше да го тепа колега Данилоски од СДСМ во Советот на Аеродром

Дискусијата во Советот на општина Аеродром се водеше во вжештена атмосфера. Во еден момент додека на говорницата беше советникот од СДСМ, Марко Данилоски, неговиот постар колега од ТМРО, Александар Шехтански, се обиде физички да го нападне, пренесе НОВА.

Данилоски објаснуваше дека во националната стратегија на Владата нема предвидено никакви кампови за бегалци, но Шехтански чија партија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, му дофрлуваше дека лаже и дека 11.000 бегалци за два дена ќе влезат во Македонија. Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент.

Инцидент во Советот на општина Аеродром 06.09.2017

Leave a comment