Со одличните преработки на светски хитови стана хит на Јутјуб, а само пофални зборови доби и за преработката на „Едно тело“ од Дарко Илиевски и ДНК, која ја објави по повод 7-годишнината од објавувањето на овој македонски хит. Сега Нена Мицева конечно има и деби сингл, чиј комплетен автор е токму нејзиниот постар колега и ментор Дарко Илиевски.
Станува збор за ар-ен-би баладата насловена „Кога си до мене“, во која на гитара гостува познатиот хитмејкер Лазар Цветкоски, а придружните вокали ги отпеаја Нена и Дарко. Песната стигна заедно со интересна видео приказна што ја реализираше продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко, а како изгледа и звучи првенчето на Нена можете да видите и слушнете горе. Уживајте!
