Полека, но сигурно привршуваат подготовките за новиот визуелен албум на Ферги, кој пејачката го најавуваше уште пред речиси три години, а деновиве стигна уште едно видео, овој пат за соработката со Ники Минаж. Станува збор за темата насловена „You Already Know“, за која американските медиуми велат дека е најдоброто од новиот материјал.
