Промоција | „Ај кју“ со нов сингл и видео за „Колку добро те знам“

Една од најактивните групи во Македонија продолжува да нè чести со нови музички задоволства, а последно во низата е темата насловена „Колку добро те знам“, која денеска беше претставена заедно со видео запис.

Станува збор за уште едно авторско дело на Бојан Трајковски, кој ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот го направи заедно со Дарко Димитров. Песната е снимена во студијата „Мјузик хаус“ и „Димитрови“, а визуализацијата е дело на екипата на „Горила филмс“, под режисерската палка на Јован Куциновски. 

Leave a comment