Комитетот за истрага што го води случајот за новодното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, објави видео каде се „објаснува кој е рускиот претседател Владимир Путин“, а наратор во видеото е познатиот американски актер и режисер Морган Фримен.
– Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), гневен поради пропаста на неговата татковина, подготви начин за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и ги постави за мета своите најголеми непријатели – САД, наведе Фримен.
