Младата пејачка Антониа Гиговска, која се катапултираше на македонското музичко небо преку регионалното талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ и главната улога во македонскиот мјузикл „Тајно моја“, деновиве ја промовираше својата нова песна. Станува збор за темата насловена „Светлина во мрак“, која е авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа и на нејзиниот претходен хит „Невреме“.
