Скопскиот поп-рок бенд „Проџект Орфеус“ (Project Orpheus) деновиве го промовираше својот нов сингл и насловен „Running“, чие видео е објавено на каналот на српската издавачка куќа „Ај-ди-џеј тјунс“ (IDJ Tunes). Ова воедно е и почеток на соработката со популарната куќа, која соработува со едни од најголемите имиња во регионот, меѓу кои Цеца, Северија, Марија Шерифовиќ, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ и многу други.
